Ракометарите на Еурофарм Пелистер втора сезона во низа ја освојуваат титулата шампион на Македонија.
Во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, пелистерци во натпревар од последното коло го совладаа Алкалоид со 32-28.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер ја сочува предноста од два бода во однос на Вардар. Црвено-црните попладнево го славеа пирова победа над Бутел со 31-25.
За зелено-белите од Битола ова е вкупно осми шампионски трофеј во клупската историја.
Зад битолчани и вардарци, како трет на табелата заврши Алкалоид кој веќе испиша историја со освојувањето на Купот на Македонија. Покрај овие три екипи, место за настап на европската сцена обезбедија и ракометарите на Охрид.