Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе ги дознае противниците за Светското ракометното првенство во 2025 година.

Денеска ќе биде извршена ждрепката за ракометниот Мундијал во машка конкуренција, што следната година ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија ќе биде во третиот шешир заедно со: Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир. Овие селекции сигурно нема да бидат наши противници.

Но, покрај противниците Макеоднија ќе чека да види и каде ќе настапи. Ова откако Хрватите како ко-организатори решија да ги одберат Словенците, Унгарците и Австријците, да играат во Загреб, Вараждин и Пореч.

Сепак, сеуште постои можност Македонија да биде дел од една од четирите групи што ќе се играат во Хрватска.

Варијантата која не ја посакуваат ракометарите, а уште помалку македонските навивачи е црвено-жолтите да играат во Хернинг (Данска) или Осло (Норвешка).

Ќе ни се „насмевне“ ли среќата, ќе видиме на ждрепката закажана за попладнево од 19:30 часот.

Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2024 година во Хрватска, Норвешка и Данска.