НБА шампионот Денвер претрпе дебакл на гостувањето кај Минесота. Во шестиот натпревар од полуфиналето на западната конференција Минесота славеше со дури 45 поени разлика 115:70.
Тимбервулфс изданија на 3:3 во победи, па мајсторка ќе решава за место во финалето.
Најдобриот играл на шампионот, Никола Јокиќ не го криеше разочарувањето. Јокиќ на прес-конференцијата изјави дека тоа е голем удар за Денвер.
„Мораме да разбереме дека ова е голем пораз. Не уништија. На почетокот поведовме со 9-2. Тие не изгледа добро во тој момент.
Но, оттогаш имаше само еден тим на теренот ќе го сфатам ова како голем пораз.
Не разнесоа. Беа подобри од нас во секој сегмент од играта“, изјави Јокиќ.
Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени и девет скока, само две асистенции, но Џамал Мареј постигна само 10.
Кај победникот, повторно прво име беше Ентони Едвардс кој постигна 27 поени.
Решавачкиот седми натпревар ќе се игра во Денвер во недела од 22 часот.