Кошаркарите на Далас славеа победа на гостувањето кај Оклахома Сити со што го израмнија резултатот на 2:2 во победи.
Во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција „Маверикс“ славеа кај “Тандерс“ со 104-92.
Лука Дончиќ повторно беше во свој елемент. Словенецот го заврши натпреварот со трипл-дабл, подигнувајќи 31 поен, на кои додаде 11 асистенции и 10 скокови. Голема поддршка сега имаше од Дерик Џонс кој реализира 19 поени, додека Кајри Ирвинг овојпат беше по скромен со 12 поени.
На спротивната страна, Шаи Џилгеус Александер постигна 30 поени, а имаше у осум успешни додавања, во поразениот тим.
Следниот, петти натпревар ќе се игра во Далас во недела во 2.30 часот по полноќ.