Далас не ја задржа предноста што ја стекна со победата на гостински терен кај Оклахома, бидејќи загуби пред своите навивачи. Тимот на Оклахома Сити Тандер, во четвртиот натпревар славеше со 100:96 и со 2-2 во победи се враќаат на својот паркет.

Далас почна добро во четвртиот натпревар и долго време се чинеше дека може да до третата победа. Така не мислеа „Тандер“ кои покажа квалитет и карактер, се избори и го добија натпреварот.

Шаи Џилиус Александер со 34 поени, осум скока и пет асистенции ја предводеше Оклахома до оваа победа.

Кај Далас, прв стрелец беше Пи Џеј Вашингтон со 21 поен и 12 скока. Лука Дончиќ исто така имаше дабл-дабл со 18 поени со 12 скока и десет асистенции, но Словенецот загуби седум топки и шутираше лошо 6/20 од поле.

Следниот натпревар се игра во Оклахома Сити во четврток по полноќ во 3.30 часот.