Во последниот меч од 36-тото коло во Серија А во дербито Аталанта со 2-1 ја победи Рома во Бергамо.

Ова дерби беше воедно и битка за местото кое води во ЛШ следната сезона.

Аталанта за две минути преку Де Кетеларе во 18 и 20-тата минута поведе со 2-0 што на крајот се покажа како клучен момент на мечот. 

Рома до крајот само ја намали предноста на Аталанта на 2-1 со голот во 66-тата минута на Пелегрини од пенал. 

Имаше Рома неколку шанси и за израмнување, но не успеа да постигне гол и така падна на 6-тото место во Серија А кое следната сезона води во Лигата на Европа.

Со овие нови три бода Аталанта има 63 на своето конто и три повеќе од Рома, но и меч помалку на две кола до крајот на сезоната.