Кошаркарите на Далас ја забележаа втората победа против Оклахома Сити во полуфиналето од плејофот на Источната конференција во НБА лигата.
На првиот натпревар одигран пред својата публика, Далас славеше со 105-101 и поведоа со 2:1 во победи.
Интересен натпревар одиграа „Мавс“ и „Тандерс“ во кој ниту една од екипите не успеа да направи двоцифрена предност. Првиот и третиот период ги добија домаќините, а во вториот подобри беа гостите. Во последната четвртина Далас имаше и девет поени предност, која гостите никако не успеаја комплетно да ја анулираат. Дојдоа кошаркарите на -3, но тоа беше се што сторија.
Бадијала остана двојниот ефект на Шај Џилиус Александер кој за Оклахома постигна 31 поен, а имаше и 10 скокови. Вашингтон го следеше со 27 поени и шест скока.
Вообичаено први имиња во составот на Далас беа Лука Дончич и Кајри Ирвиг кои постигнаа спо 22 поени. Словенецот во својата статистика додаде и 15 скокови и 5 асистенции, а Кајри имаше 7 додавања.
И следниот натпревар, во серијата подобар до четири победи, ќе се игра во Далас во вторник наутро (03.30 часот).