Кошаркарите на МКК Куманово на најдобар можен начин го потврдија пласманот во Првата лига следната сезона.
Тимот предводен од поранешниот селектор Марин Докузовски без ниту еден пораз го освои шампионскиот трофеј во второлигашката конкуренција.
На завршницата во Втората лига, во финалето МКК Куманово го совлада Шкупи со 77:59 и ја оствари 25-тата победи.
Третото место му припадна на тимот на Ангели кој во „малото финале“ беше подобар од Маџари со 85:56.
Нови второлигаши ќе бидат екипите на Бутел и Црн Дрим кои утре ќе го одиграат финалето во Третата лига. Во понизок ранг (Трета лига) следната сезона ќе играат Тетекс и Куманово 2009, доколку овој тим продолжи да постои.