Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е пред голем предизвик. Потребна е победа за да се надополни негативата од седум голови (27:34) од првиот натпревар од баражот за Светското првенство 2025 против селекцијата на Фарски острови.

Македонскиот национален тим ќе треба да ја подобри играта на сите нивоа, како во нападот, така и во одбраната, а за сето тоа ќе има и ветар во грб бидејќи реванш дуелот со незгодниот противник.

Се очекува да се игра пред полна сала, односно македонските фанови да ја исполнета салата во СЦ „Борис Трајковски“.

И стручниот шаб ќе има голема работа пред се да се подготви тактиката и да се намалат грешките од дуелот во средата во Торшавн.

Инаку и последните дилеми веќе се решени, по многу чекање (речиси 1,5 ден) репрезентацијата на Фарски острови вчера попладне тргна кон Скопје. Откако еден авион успеа да следа на аеродромот во оваа островска земја, а со истиот и репрезентацијата потоа полета кон Билунд, Данска од каде со чартер лет допатува во Скопје во вечерните часови.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а судии се: Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.