Кошаркарите на Далас поведоа со 2:0 во победи во четвртфиналето со ЛА Клиперс во Западната конференција на НБА лигата.
Ова откако Маверикс ноќеска пред своите симпатизери славеа со 101-90. На Лука Дончиќ му недостасуваше една асистенција да оствари троен ефект. Словенецот го заврши натпреварот со 22 поени. 10 скока и 9 асистенции. Голем придонес имаше и Кајри Ирвинг кој реализира 21 поен и шест асистенции.
Кај гостите потфрлија првите ѕвезди Каваи Ленард и Пол Џорџ кои беа едноцифрени. Единствено Џејмс Харден беше на ниво реализирајќи 21 поен.
До водство од 2-1 дојде и екишата на Индијана во дуелот со Милвоки. Пејсерси се изнамачија да ги совладаат Баксим кои повторно беа без својот најдобар играч Јанис Антетокумпо.
Имаа и 20 поени предност кошаркарите на Индијана, но дозволија противникот да ги анулира и да се избори за продолжение. Немаа сили гостите од Милвоки за целосен пресврт па Индијана славеше со 121:118.
Мајлс Тарнер постигна 29 поени со девет скока, а Халибартон додаде 18 поени, десет скока и 16 асистенции. Кај Бакс, Мидлтон постигна 42 поени со десет скока, а Демијан Лилард додаде 28 поени и осум асистенции.
Екипата на Минесота е пред пласман во конференциското полуфинале. „Тимбервулфс“ со совладаа Феникс со 126-109 и поведоа со 3:0 во победи во серијата подобар до четири.
Најдобри играчи кај победникот беа Ентони Едвардс со 36 поени и 9скока и Руди Гоберт со 19 поени и 14 скока. За домашниот тим на Феникс, Бредли Бил постигна 28 поени, Кевин Дурент 25, а Девин Букер 23.