Победата на Њу Јорк во дуелот со Чикаго донесе мала промена во конечниот поредок на табелата во Источната конфедерација на НБА лигата.

„Никси“ го минаа Милвоки и завршија како второ пласирани зад Бостон. Покрај оваа тројка учесници во конференциското четвртфинале се Кливленд и Орландо кои ќе играат меѓусебно, а Индијана ќе се судри си Милвоки.

За место во плејфот директен дуел ќе имаат Филаделфија и Мајами. Победникот од овој натпревар ќе оди на мегдан на Њу Јорк. Поразениот ќе има втора шанса и тоа во дуелот со подобриот од средбата Чикаго – Атланта. Исходот од тие натпревари го чекаат првакот на Истокот, Бостон.

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Плеј-ин

7 ФИЛАДЕЛФИЈА – 8 МАЈАМИ (16 април)
9 ЧИКАГО – 10 АТЛАНТА (17 април)
Победник 9/10 – поразен 7/8 (19 април)

Плеј-оф четвртфинале
1 БОСТОН – 8 (Филаделфија/Мајами/Чикаго/Атланта)
2 ЊУ ЈОРК – 7 (Филаделфија/Мајами)
3 МИЛВОКИ – 6 ИНДИЈАНА
4 КЛИВЛЕНД – 5 ОРЛАНДО