Нова победа на Милан во Италијанската Серија А за продолжување на добра форма и доближување до градскиот ривал Интер.
Росоњерите славеа на ,,Бенте Гори,, стадионот во Верона со 1-3 во рамките на 29.коло за нивна 19-та победа во првенството.
На гол во првото полувреме чекавме дури на истекот на 45-те минути кога Тео Хернандез погоди за 1-0 за Милан.
Во вториот дел, Пулишиќ во 50-тата минута го постигна јубилејниот 5000-ти гол за Милан во Серија А.
Верона се врати во игра во 61-та минута со голот на Нослин за 1-2.
Но, гостите од Милано ги решија сите дилеми околу победата на овој меч откако Чуквуезе кој влезе наместо Окафор во 79-тата минута ги постави конечните 1-3 по само 5 минути минати на теренот.
Со оваа победа Милан има 62 бода, три повеќе од Јувентус и 13 помалку од лидерот Интер кој вечерва го игра дербито со шампионот Наполи.