Актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер во четврток го очекува тешко гостување во Германија кај Кил во Лигата на шампионите. Но, веднаш потоа следува нов предизвик во домашното првенство екипата на Охрид.

Периодот охриѓани забрзано се подготвува за битолчани и натпреварот од 3.коло во плејоф конкуренцијата. Двата тима трката за шампионскиот трофеј ја почнаа со победи и со по 8 бодови се веднаш зад лидерот Алкалоид.

Натпреварот во Битола ќе биде особено емоционален за Гоце Ојлески кој од Пелистер мина во редовите на Охрид.

„Во недела нè очекува тежок натпревар против шампионот на Македонија.

Пелистер е апсолутен фаворит против нас, но ние се подготвуваме како и за секој друг натпревар и се надеваме дека ќе се покажеме во добро светло“,

изјави Ојлески.