Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски и Министерот за млади и спорт на Република Турција, д-р Мехмет Мухарем Кашапоглу придружуван од амбасадорот на Република Турција во Скопје, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок и почесниот конзул на Република Турција во Скопје, г-дин Абдураим Бајрактар, остварија работна средба на која беше договорена нова и многу поблиска соработка во областа на спортот, посебно на врвниот спорт.
Блиската и пријателска работна средба беше искористена за договарање на нови заеднички проекти и подготовки на најдобрите македонски и турски спортисти, обука на тренери, размена на експерти, знаења и искуства од областа на спортската медицина како и меѓусебна поддршка во областа на спортската дипломатија.