Бостон го декласира Бруклин со 43 разлика
Најнеизвесниот натпревар од синоќешната богата понуда во НБА лигата го одиграа Мамфис и Голден Стејт. Победникот беше решен по дополнителните 5.минути, по кои на триумф се радуваше домашниот тим.
На актуелниот шампион, не му помогна ниту дабл-дабл ефектот на Стеф Кари со 29 поени и 10 скокови, па „Вориорси“ го претрпеа 25 пораз.
Иако требаше да биде дерби дуел меѓу прво и четврто пласираните екипи на истокот, сепак средбата во „ТД Гарден“ во Бостон, каде гостуваше Бруклин, мина во комплетна доминација на „Селтикси“ кои славеа со 43 поени разлика 139-96.
Кајри Ирвинг не можеше сам да ја добие пресметката со домашниот тандем Тејтјум-Браун. Во отсуство на Дурант кој е повреден, Ирвинг беше прв стрелец во поразената екипа со 20 поени, додека кај победниците, Тејтјум постигна 31, а Браун 26 поени.