Денот по Божиќ, попознат како „Boxing Day“ во Премиер лигата, е фудбалски празник не само во Англија туку и за фудбалските љубители низ Европа и светот.
Денешниот дел на Островот носи пет натпревари, а програмата од 13 часот и 30 минути ќе ја отворат Њукасл и Нотингем Форест.
Домашната екипа не би требало да има големи проблеми да стигне до победата. Во иста ситуација, односно улога на фаворит, е и второ рангираниот на табелата Ливерпул на гостување кај Барнли.
Најинтересен денеска би требало да биде натпреварот на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед ја пречекува Астон Вила на теренот како најпријатното изненадување во сезоната досега. Домашниот тим влегува во овој дуел без победа на последните четири натпревари и навивачите се очекуваат таа црна серија вечерва да биде прекината.
ПРЕМИЕР ЛИГА – 18.КОЛО
Вторник
13:30 ЊУКАСЛ – НОТИНГЕМ ФОРЕСТ
16:00 БОРНМАУТ – ФУЛАМ
16:00 ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД – ЛУТОН
18:30 БАРНЛИ – ЛИВЕРПУЛ
21:00 МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АСТОН ВИЛА
Среда
20:30 БРЕНТФОРД – ВУЛВС
20:30 ЧЕЛЗИ – КРИСТАЛ ПАЛАС
21:15 ЕВЕРТОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ
Четврток
20:30 БРАЈТОН – ТОТЕНХЕМ
21:15 АРСЕНАЛ – ВЕСТ ХЕМ