на 36-то Светското првенство во ракомет во женска конкуренција, познати се селекции кои останаа во трката за медали.

Ова откако ко-домаќинот на шампионатот, ракометарките на Данска ја совладаа Црна Гора во последниот меч од четвртфиналната рунда. Крајниот резултат не ја одразува вистинската слика на натпревари. Домаќинките во текот на целиот меч имаа предност која во еден момент изнесуваше и седум голови разлика. На крајот Данска победи со два разлика 26-24 и заслужено се вброи меѓу четирите селекции што ќе играат во полуфиналето.

А, во него во петок Данска за противник ќе го има лутиот ривал и актуелен светски првак селекцијата на Норвешка. Овој меч ќе се игра во вечерниот термин од 20.30 часот.

Претходно од 17.30 часот во првото полуфинале ќе играат олимпискиот шампион Франција и селекцијата на Шведска.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ)
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Шведска – Германија 27-20
Данска – Црна Гора 26-24
Франција – Чешка 33-22
Норвешка – Холандија 30-23
ПОЛУ-ФИНАЛЕ (петок)
17.30 ФРАНИЦЈА – ШВЕДСКА
20.30 НОРВЕШКА – ДАНСКА