Богата вечер со натпревари во НБА лигата е зад нас. Од нив издвојуваме.
Лука Дончиќ повторно беше предводник на Далас во победата над Портланд Трејл со 125:112. Словенец оствари дабл-дабл 32 поени и 10 скока, а екс играчот на Партизан, Данте Ексзум беше втор најефикасен во победничкиот тим со 23 поени. Маверикси на 4.минути пред крајот на натпреварот останаа без Кајри Иргинг кој заработи повреда и се повлече во соблекувалната.
Актуелниот шампион Денвер го претрпе третиот последователен пораз. „Нагетски“ на домашен терен беа поразени од Хјустон со 106:114. Бадијала беше дабл-дабл учинок од 23 поени и 16 скока на Никола Јокиќ како и 21 поен на Џамал Мареј односно 20-те на Мајкл Портер.
Најнеизвесниот натпревар го одиграа, Оклахома и Голден Стејт, а на победа и тоа по продолжение се радуваа домаќините со 138:136.
Сè можеше да биде решено во регуларниот дел, кога на 19 секунди до крајот Стивен Кари реализираше тројка за 118:115. Но, на седум секунди пред крајот Грин направи прекршок при шутот за три поени на Чет Холмгрен, а тој ги реализира сите за израмнување. Во продолжението токму Холмгрен и Шаи Џилгеус-Александер ги предводеа домаќините до победата. Така бадијала Кари имаше шутерско шоу кое го заврши со 34 поени, а постигна 6 од 19-те тројки за „воините“.
Расположен за тројки беше и Каваи Ленард. Тој во победата на ЛА Клиперс на гостувањето кај Јута постигна 41 поен, а реализира 6 тројки од осумте упатени удари.