Лука Дончиќ и Никола Јокиќ не запираат со своите импресивни настапи во НАБА лигата. Двајцата кошаркари веќе стануваат „ноќна мора“ за американските ѕвезди, а има и зошто.
Повторно Лука и Никола беа во фокусот на вниманието ноќеска, бидејќи остварија нови трипл-дабл учиноци. Оној на Словенецот е историски.
Имено Лука Дончиќ стана првиот играч во историјата кој постигнал трипл-дабл веќе во првото полувреме, постигнувајќи над 25 поени. Натпреварот го заврши со 40 поени, десет скока и 11 асистенции, а на паузата имаше по 29 поени и по десет скока и асистенции. Со ваквата игра Лука го предводеше својот Далас до победа со 50 поени разлика над Јута 147-97.
Јокиќ иако немаше шутерска вечер (9/32) сепак повторно оствари трип-лдабл. Србинот заврши со 22 поени, 15 скока и 10 асистенции, но Денвер загуби од ЛА Клиперс со 102-111.
Од индивидуалните достигнувања за одбележување се 50-те поени на Џоел Ембид „зачинети“ со 13 скокови и 6 асистенции во победата на Филаделфија кај Вашингтон со 131-126.