Микаела Шифрин е се поблиску до апсолутниот рекорд во Светскиот куп во алпско скијање.
Американката, ја дели само уште една победа да го достигне легендарниот шведски скијач Ингемарк Стенмарк кој во кариерата има 86 победи.
Шифрин денеска ја оствари својата 85-та во кариерата, откако победи на слаломската трка во словачкиот ски-центарот Спиндлерув Млин.
Американката триумфот го најави уште по првата трка, во која имаше најбрзо време, па рутинирано ја заврши втората со вкупен резултат од 1:33:85 минути.
Тоа беше за стотинки побрзо од второ пласираната Дуер од Германија, додека Венди Холденер од Швајцарија која заврши како трета заостана 1 секунда и 31 стотинка зад Американката.
Шифрин која е убедливо прва во Генералниот пласман со големи 611 бодови повеќе од второ пласираната Лара Бехрами Гут, веќе утре на истото место ќе има можност, повторно во слалом, да го израмни рекордот на Стенмарк.