Откако синоќа беше комплетиран списокот на 16-те репрезентации кои се ја минаа групната фаза, денеска стартува осминафиналната рунда на Светското првенство во Катар,
Во првиот меч од 16 часот ќе играат репрезентациите на Холандија и САД , а во вечерниот термин од 20 часот Аргентина се среќава со Австралија, Победникците од овие натпревари ќе ја формираат и првата двојка за четвртфиналето.
Тоа ќе бид случај и со наредните натпревари, па така утрешните победници од натпреварите: Франција – Полска и Англија – Сенегал ќе играат меѓусебно во четвртфиналето.
Третиот пар ќе го дознеме во понеделник по средбиде, Јапонија и Хрватска, односно Бразил и Јужна Кореја, додека последниот пар за четвртфиналето ќе го добиеме во вторник кога на програмата се осминафиналните дуели меѓу Мароко и Шпанија односно Португалија и Швајцарија.
Сите натпревари ќе се играат во термините од 16 и од 20 часот.