Во последниот натпревар од 8.коло на Првата лига, МЗТ Скопје Аеродром го доби дербито со ТФТ и се врати на првото место на табелата. 

Интересен натпревар одиграа двете скопски екипи во СЦ „Кале“ вечерва, кој му припадна на актуелниот шампион со 68-63.

По една четвртина добија двата тима, па на полувреме се заминаа израмнети 35-35.

И во второто полувреме двата тима имаа свои добри периоди на игра. Аеродромци имаа и +7 на средината на третиот период кој го завршија само со поен разлика 53-52.

Во последниот период мина во неефикасна и нервозна игра. Како резултат на тоа беа само 11-те поени на домаќините и 15 на гостите па на крајот МЗТ славеше со конечни 68-63.

Со оваа победа МЗТ се врати на врвот на табелата со бод повеќе од Чаир кој претходно го совлада Пелистер

Токму во МЗТ Скопје и Чаир во следното коло ќе го играат дербито и тоа во „Јане Сандански“ во сабота од 18 часот.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
денеска
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР 87-80
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 63-68
одиграно изминатиот викенд
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 86-56
АКДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 93-83
ВАРДАР – ГОСТИВАР 75-90
ФЕНИКС – ЕУРО НИКЕЛ 87-82

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови, Чаир 14, Еуро Никел 13, Работнички 13, Пелистер 13, ТФТ 13, Феникс 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Академија ФМП 9, Охрид 9.

Чаир го држи чекорот со МЗТ Скопје