Голем број натпревари се одиграа ноќеска во НБА лигата.
Нив ги одбележаа индивидуалните настапи на двајца кошаркари. Лука Дончиќ и Донован Мчел заедно искомбинира без малку 100 поени.
Лука за Далас постигна 49 поени во победата на „Маверикси“ над Бруклин со 125:120. Словенецот на тоа додаде и 10 скокови и 7 асистенции.
Донован Мичел иако реализира 43 поени, а имаше и 8 скокови, неговиот тим Кливленд загуби на домашен терен од Оклахома со 105-108.
Шампионот Денвер оствари нова победа, сега на гостувањето кај Мемфис со 108-108. На Никола Јокиќ му недостасуваа три асистенции да остави нов трипл-дабл. Србинот натпреварот го заврши со 22 поени, 12 скокови и 7 асистенции.
Нај неизвесниоте натпревари се одиграа во Сан Антонио и Чикаго.
Домашните екипи по продолженијата славеа победи. Спарси го совладаа Хјустон со 126:122, а Букс беа подобри од Торонто со 104-103.