Екипите на Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер, па и Охрид ги оправдаа фаворитките улоги и забележаа победи во 4.коло од Супер лигата.
Максималниот ефект го задржаа Алкалоид и Вардар кои со победите над Аеродром и Прилеп сега имаат 4 од 4.
Немаше никакви проблеми ниту шампионот Еурофарм Пелистер кој до третата победа стигна на гостувањето во Неготино кај Вардар.
Потешко од очекуваното Охрид стигна до трите бодови во дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Оваа рунда во Супер лигата ќе биде заокружена утре со натпреварот Бутел – Голден Арт.
СУПЕР ЛИГА – 4.КОЛО – А ГРУПА сабота KУМАНОВО – ТИКВЕШ 16-27 СТРУГА – СКОПЈЕ 37-28 ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР 2 24-22 АЕРОДРОМ – АЛКАЛОИД 30-44 | СУПЕР ЛИГА – 4.КОЛО – Б ГРУПА сабота ПРИЛЕП – ВАРДАР 22-35 ПРОЛЕТ – РК МУЛТИ ЕСЕНС 32-27 ВАРДАР Неготино – Е. ПЕЛИСТЕР 17-32 недела 18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ –ГОЛДЕН АРТ |
ТАБЕЛА „А“ ГРУПА 1. АЛКАЛОИД 12 бодови 2. ТИКВЕШ 12 3. ОХРИД 9 4. СТРУГА 6 5. АЕРОДРОМ 6 6. Е. ПЕЛИСТЕР 2 3 7. КУМАНОВО 0 8. СКОПЈЕ 0 | ТАБЕЛА „Б“ ГРУПА 1. ВАРДАР 12 2. Е.ПЕЛИСТЕР 9 3. ПРОЛЕТ 9 4. ГОЛДЕН АРТ 6 5. ПРИЛЕП 6 6. БУТЕЛ 3 7. МУЛТИЕСЕНС 0 8. ВАРДАР Неготино 0 |