Фудбалерите на Манчестер Сити минатата сезона ја освоија титулата во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ синоќа беа елиминирани во 1/16-финалето на англискиот Лига куп, откако на гости беа поразени од Њукасл со 0:1.
Менаџерот Пеп Гвардиола изјави дека неговиот клуб не планирал да освои четири трофеи оваа сезона, пренесува „Sky Sports“.
„Мислите дека целта беа четири титули? Искрено, навистина не се.
Би биле повеќе од задоволни со тројната круна.
Нашите очекувања се големи, но не толку високи за да не се задоволиме со три титули“, изјавил Гвардиола .
Ерлинг Халанд, Кајл Вокер, Рубен Диас не настапија за „граѓаните“ на мечот против Њукасл, Бернадо Силва се уште е повреден.
„Мислам дека Кајл и Ерлинг веќе одиграа многу минути, а имаме уште многу натпревари пред нас.
Ми падна на памет да го внесам Халанд во последните 10 или 15 минути, но решив да не го сторам тоа“, заклучи Гвардиола.
Манчестер Сити во сабота му гостува на Вулверхемптон, а потоа следува дуелот гостувањето кај Лајпциг со Лигата на шампионите.