Ракометарите на Вардар и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедливи победи во натпреварите од 3.коло на Супер лигата.

Вардарци во натпревар од „А“ групата, на домашен терен го победија Тинекс Пролет со  31-20.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Петриќ со 7 голови.

Охрид до втората победа во „Б“ групата, стигна на гостувањето кај Куманово со 35-20.

Стоилевски и Шипинкоски со по 5 постигнати голови беа најдобри стрелци кај победникот.

СУПЕР ЛИГА – 3.КОЛО

А група:
МРК КУМАНОВО – ГРК ОХРИД 20-35
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (недела 12 часот),
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ (недела 13 часот)
ГРК ТИКВЕШ – СТРУГА (недела 18 ).

Б група:
ВАРДАР – ПРОЛЕТ  31-20
ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (сабота 18 часот),
ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО (недела 18:30 часот)
МУЛТИ ЕСЕНС – БУТЕЛ (понеделник 18 часот).