Македонскиот првак, Струга Трим Лум попладнево ќе го доигра реванш дуелот од последната квалификациска рунда за Конференциската лига.
Стружани на Исланд, отпатуваа со еден гол негатива во дуелот со Бредибалик кој на првиот натпревар во Охрид славеше со 1-0.
Двата тима имаат историска шанса, за прв пат да играат во групната фаза.
„Не сме тука дојдени со бело знаме, напротив. Дојдовме по победа. Момци знаат дека нема што да загубат.
Не заслуживме пораз во Охрид, но таков е фудбалот.
Ќе ни недостасуваат некои првотимци, но знам дека сите оние кои ќе настапат се подготвени да го дадат максимумот“,
изјави тренерот на стружани Шпетим Дуро.
Дуро, се враќа на клупата, откако одработи еден меч суспензија, а во тимот ќе недостасува Марјан Радески, поради суспензија
Натпреварот меѓу Бредибалик и Струга Трим Лум ќе започне од 18:45 часот.