Трет ден натпревари на Светското кошаркарско првенство. Тој носи два интересни дуели, од втората рунда.

Во првиот, од 10.30 часот, Австралија и Германија кои славеа убедливи победи во првите натпревари, сега во меѓусебниот ќе решаваат за 1.место во Е групата.

Најинтересно се очекува да биде на последниот натпревар меѓу Франција и Летонија. За „Триколорите“ тоа ќе биде меч „да се биде или не“. Французите беа демолирани од Канада во првото коло, а Летонците убедливо славеа против Либан. Така доколку Франција не победи на овој натпревар ќе се збогува со понатамошниот пласман на Мундијалот.

На останатите натпревари фаворитите не би требало да имаат проблеми.

МУНДОБАСКЕТ – 2.КОЛО (недела)
10.00 ИТАЛИЈА – ДОМИНИКАНА    (група А)
10.30 АВСТРАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА   (група Е)
10.45 ЦРНА ГОРА – ЕГИПЕТ           (група Д)
11.45 ЛИБАН – КАНАДА                (група Х)
14.00 ФИЛИПИНИ – АНГОЛА         (група А)
14.10 ЈАПОНИЈА – ФИНСКА           (група Е)
14.30 ЛИТВАНИЈА – МЕКСИКО       (група Д)
15.30 ФРАНЦИЈА – ЛЕТОНИЈА        (група Х)