Последен ден натпревари на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта.

Првиот златен медал денеска го освои Виктор Киплангат од Уганда кој победи на машкиот маратон

23-годишиот атлетичар до златото истрча со време 2 часа, 8 минути и 53 секунди.

Второто место и сребрениот медал се за Мару Тефери од Израел кој маратонот го заврши со време 2:09,12 часа.

Бронзата отиде кај Леул Гебресиласе од Етиопија кој долго време беше втор, но не издржа до крај и на крајот мораше да се задоволи со третото место

на атлетскиот Мундијал денеска ќе бидат доделени медали во седум дисциплини.