Во салата „Јасмин“ во Кавадарци од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно.
Македонија, Израел и Јапонија, се селекциите кои секојдневно ќе играат по еден натпревар во терминот од 20 часот.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски ќе одиграат три средби.
Вечерва и во недела против Израелците, а утре против Јапонците.
Сабота е резервирана за дуелот на гостинските селекции.
Овие контролни средби за македонскиот национален тим, се добредојдени, да се види до каде е подготвеноста на селекцијата пред Европскиот шампионат.
Потсетување дека натпреварите на Европското првенство, во скопската група ќе се играат од 30 август до 6 септември.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ТУРНИРОТ ВО КАВАДАРЦИ
МАКЕДОНИЈА – Израел (четврток, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Јапонија (петок, 20 часот)
Израел – Јапонија (сабота, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Израел (недала, 20 часот)