Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан, е најновото засилување за македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

26-годишниот Алжирец доаѓа како слободен играч, откако минатата сезона ја мина во редовите на романскиот првакот Динамо Букурешт.

Гедбан, е добро познат на македонската јавност. Тој две сезони мина во Вардар со стана шампион на Европа. По добрите настапи во Македонија се пресели во култниот шпански клуб Адемар Лео, по што две сезони го носеше дресот на Динамо Букурешт.

Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една. Алжирецот им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција.

Тој деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе и се приклучи на екипата на подготовките во Маврово. Неговото официјално претставување е предвидено на почетокот од месец август.

Алжирскиот голман е шесто засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона по Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски.