Најтрофејниот македонски фудбалски колектив ФК Вардар вчера го прослави 76-от роденден.
Клубот кој зад себе има долга историја со бројни успеси и падови, без многу „помпа“ го одбележа роденденот.
Причината и повеќе од јасна. Тешката финансиска состојба во која се наоѓа Вардар и борбата за секој денар кој значи „спас“ за црвено-црните, не дозволи голема прослава.
Но. Затоа пак верните вардарови навивачи „Комити“ се погрижија сепак денот да не мине, не одбележан.
Симболот на главниот град „Камениот мост“ во Скопје, под кој тече Вардар, беше прекриен со огромното навивачко знаме на „Комити“ кои меѓу другото порачаа:
„Денешната најава од Камениот мост, нека биде порака до секој член на групата“.