Екипата на Вардар е на Златибор, каде ги одработуваат подготовките за новата сезона. Вардарци кои се повратници во прволигашката конкуренција, денеска ја имаа првата контрола.
Црвено-црните одиграа без победник 1-1 во дуелот со српската екипа Металац.
Со голот на Кристијан Николовски постигнат во 38-та минута Вардар имаше предност од 1-0. Тој резултат беше актуелен се до пет минути пред крајот, односно 85-тата, кога стигна израмнувањето за конечни 1-1.
Ова е прва во низата контролни средби за Вардар.
Според предвиденото, во четврток (20 јули) Вардар ќе го одигра вториот натпревар, а противник ќе биде црногорскиот тим Боќељ.
Потоа следуваат уште два натпревари со српските екипи. Во недела (23 јули) црвен-црните ги очекува дуел со екипата на Смедерево, а последен противник (28 јули) ќе биде Дубочица.