Поранешниот фудбалер на Вардар, Филип Стојчевски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот Стојчевски, кој игра како последен фудбалер за врска, треба да биде повеќе од сериозно засилување за средниот ред на штипските „сините“ во новата сезона.

Стојчевски има повеќе од сериозно домашно прволигашко искуство. Минатата сезона тој го носеше дресот на кратовски силекс од каде дојде во Брегалница.

Во својата кариера Стојчевски има настапувано и за скопските екипи, Металург, Вардар, Македонија ЃП, Работнички како и тетовска Ренова.

Зад своето име во кариерата има и интернационално искуство настапувајќи за грузиските прволигаш Сиони.