ГОЛЕМ КИКС НА ЕХФ!!!

Гала свеченоста во организација на Европската ракометна федерација, мина со голем „кикс“ што го направија организаторите. 

На историската Гала вечер за влез во Куќата на Славните на ЕХФ, на која е присутен и Кирил Лазаров, Европската куќа на Ракометот направи пропуст.

Имено при доделувањата на наградите, дел од играчите останаа со празни раце.

ЕХФ немаше доволно признанија за сите ракометари, a меѓу нив беше и нашиот Кирил Лазаров, односно Момир Илиќ пред нашиот Лазаров го зема последното признание, па освен Кире со „празни раце“ останаа и Ласло Наѓ и Даниел Нарцис…

Водителот се обиде да се извади за непријатноста ветувајќи дека „лично“ ќе се погрижи признанијата да стигнат во рацете на првата генерација наградени.