Репрезентацијата на Аргентина, предводена од својот капитен Лионел Мести забележа победа над Австралија.

На пријателскиот натпревар одигран на неутрален терен во Пекинг, актуелните светски шампиони Аргентинците славеа победа со 2:0. 

Токму Меси кој неодамна најави дека најверојатно нема да виде во репрезентацијата на „Гаучосите“ кои ќе го бранат Мундијалскиот трофеј, со прекрасниот гол уште во втората минута го отвори резултатот. 

На вториот гол светските прваци чекаа се до 68-та минута кога фудбалерот на шпанскиот Бетис, Герман Пацела се впиша во листата на стрелците. 

Аргентинците остануваат на азискиот континент, бидејќи во понеделник во Џакарта ќе одиграат пријателски натпревар против Индонезија.