Екипата на Денвер „Нагетс“ е новиот шампион во НБА лигата. Тимот од Колорадо предводен од Никола Јокиќ, го совлада Мајами со 94-87 и со 4:1 во победи ја доби финалната серија од плеј-офот, со што Денвер стигна до историската прва шампионска титула.
Како и што се очекуваше, петтиот натпревар мина во голема борба. Мајами не се предаваше до самиот крај, но тие го имаа само Џими Батлер кој доцна се разбуди односно постигна 10 од 21 поен во последната четвртина, но притоа ги направи и клучните две грешки.
Затоа пак Денвер ги имаа фантастичниот Јокиќ кој мечот го заврши со нов дабл-даб со 28 поени и 16 поени, а помогнат од Портер со 16 поени и 13 скокови, како и Џемајл Мареј со 14 поени на кои додаде по 8 скока и асистенции.
Така на патот до првиот шампионски трофеј, Денвеј кој заврпи јако шесто рангиран во Западната конференција, во плеј-офот ги мина, Мемфис Гризлис (4-1), Фебникс Санс (4-2) и Лос Анџелес Лејкерс (4-0), за во големото финале да го надиграат и Мајами Хит (4-1).