Немаше дилеми ниту пред финалето, а неправедно и во регуларниот дел од сезоната му беше одземено признанието за најкорисен играч во НБА лигата.

Но, сега откако го одведе својот Денвер до историската прва шампионска титула, Никола Јокиќ само уште еднаш потврди дека во НБА лигата ми нема рамен. 

По натпреварот запрашан како е чувствува Србинот кратко одговори.

„Добро е, добро. Работата е завршена, сега може да одиме дома“.

Српскиот кошаркар на 20 натпревари во плеј-офот имаше просек од 30 поени, 13,5 скока и 9,5 асистенции, со што сосема заслуќено го понесе признанието МВП. 

Јокиќ е 15-тиот играч кој ја освоил наградата за МВП во регуларниот дел на сезоната и во финалето на плеј-офот, трофејот што го носи името на легендарниот Бил Расел, па сега во колекцијата ги има и оние што ги носат имињата на Мајкл Џордан и Меџик Џонсон.