Кошаркарите на Работнички и на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во салата ,,Кале,, ќе го одиграат вториот натпревар од полуфиналето на плејофот во првата кошаркарска лига на Македонија.
Шампионот МЗТ Скопје води со (1-0) во победи откако на првиот натпревар во СЦ ,,Јане Сандански,, славеше со (82:71).
Најголемите ривали и најтрофејни екипи во македонската кошарка првпат по 2019 година се соочуваат во една плеј-оф серија. За разлика од тогаш, кога директно се бореа за титулата и се сретнаа во големото финале, сега во полуфиналната фаза во која не се сретнале цели 12 години ги одмеруваат силите еден против друг.
Последен пат „вечно“ дерби во полуфиналето имаше во сезоната 2010/11 кога Работнички славеше во пет натпревари.
Екипата од „Градски парк“ е во голема резултатска предност. Во досегашните 160 дерби натпревари, „води“ со (91:69), но разликата, барем во последно време е сериозно намалена од страна на екипата од Аеродром која ги доби и двата натпревари во регуларниот дел од сезоната.
Мора да се напомене и тоа дека Работнички нема победа во дуелите со МЗТ Скопје на последните шест натпревари.
Последен пат Работнички славеше пред повеќе од две години и тоа во СЦ „Јане Сандански“ кога со тројката на Мулалиќ победија со (75:74).
Така да не очекува уште еден натпревар се надеваме неизвесен кои вечните ривали секогаш знаат да ни ја пружат на нас гледачите на ТВ екраните и на пишаните медиуми.
Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички ќе се игра вечерва во терминот од 18 часот, а натпреварот можете ВО ЖИВО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА
Полуфиналната серија се игра во две добиени средби по принципот дома-гости-дома.
Томислав Атанасовски