По брилијантната партија на „Сантијаго Бернабеу“ која ни ја пружија Реал Мадрид и Манчестер Сити, следи реваншот на „Етихад“ кој ќе биде клучен за пласман во големото финале на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Во првиот полуфинален дуел, избраниците на Карло Анчелоти го постигнаа првиот погодок на натпреварот за кој беше заслужен прекрасниот удар на Винициус, а потоа со „бомба“ надвор од шестнаесетникот, Кевин де Брујне ги постави конечните 1:1.

Реал Мадрид ја брка својата 15-та титула во Лигата на шампионите, додека Сити го чека својот прв трофеј во историјата. Во финалето еден од овие два гиганти ќе се соочи со Интер, кој беше подобар во двата дуели против Милан и со вкупен резултат од 3:0 ќе патува во Истанбул.

Натпреварот меѓу „кралскиот клуб“ и „граѓаните“ од Манчестер ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.