Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, на денешната седница ги одреди термините и местата на одигрување на завршните, финални, натпревари во Купот во повеќе конкуренции.
Така, машкото финале во кое Македонија Ѓорче Петров ќе го брани трофејот, а новиот шампион Струга Трим Лум ќе се обиде да стигне до двојката круна ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, на 20-ти мај, додека сениорките на 16-ти мај финалниот меч ќе играат во Ѓорче Петров.
На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– Распределба на средства од солидарна шема на Уефа, на клубовите од МФЛ за млади категории
– Финале Куп на Македонија (жени) ќе се одигра на 16, мај, на стадионот во Ѓорче Петров, во 16. часот;
– Финале Куп на Македонија (пионери) ќе се одигра на 17 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17. часот;
– Финале Куп на Македонија (помлади пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 10:30 часот
– Финале Куп на Македонија (младинци) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 17. часот;
– Финале Куп на Македонија (кадети) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 10:30 часот;