Во Втората машка кошаркарска лига, денеска и утре на програмата се реванш полуфиналните натпревари од плеј-офот.
Екипата на ГКК Охрид попладнево на гостувањето во Штип кај Соколи ќе ја има првата „,меч топка“, за пласман во прволигашката конкуренција.
Ова откако на првиот натпревар одигран на домашен терен Охрид славеше сигурна победа со 16 поени разлика и поведе со 1:0 во серијата што се игра прв до две победи.
Штипјани пак кои имаат свои амбиции ќе мора да одиграат максимално доколку сакаат да ги одржат шансите за победа во оваа серија, а со тоа и место во „елитата“.
Натпреварот Соколи – Охрид што ќе се игра попладнево во Штип ќе започне од 18 часот.
Утре на програмата е втората полуфинална пресметка меѓу Ангели и Вардар во која црвено-црните ќе влезат со победа од првиот меч.
ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ (втор натпревар)
СРЕДА (10 мај)
18.00 СОКОЛИ – ОХРИД (0-1)
ЧЕТВРТОК (11 мај)
20.30 АНГЕЛИ – ВАРДАР (0-1)
* Се игра во два добиени натпревари, победниците ќе се пласираат во Првата лига