Кошаркарското првенство на Македонија влегува во најинтересната фаза. Останаа четири тима кои ќе се бодат за шампионскиот трофеј.

Бранителот на трофејот, актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром, е единствениот што место во полуфиналето обезбеди по само два одиграни четвртфинални натпревари, додека останатите три екипи, Работнички, Пелистер и ТФТ Моцарт одиграа „мајсторки“.

Аеродромци, кои важат за топ фаворити, во полуфиналето за противник ќе го има вечниот ривал Работнички.  Токму нивниот дуел во што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде прв од полуфиналната викенд програма.

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички ќе се игра во саботниот вечерен термин од 20 часот и 15 минути, додека ден подоцна (недела) во Битола, тимот на  Пелистер ќе го угости ТФТ Моцарт во терминот од 18 часот и 30 минути.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари по принципот дома-гости-дома.