Македонското „Супер дерби“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар секако предизвикува големо внимание, но речиси делува неверојатно дека сите карти за саботната „мега“ пресмета беа распродадени за само 17 минути!?
Ова го потврдија од битолскиот клуб на својот официјален Фејсбук профил.
Салата „Боро Чурлевски“ во сабота, за кога е закажан натпреварот, повеќе од јасно ќе биде исполнета до последното место, па затоа единствена опција за оние кои немаа среќа да стигнат до вредниот билет, да го следат „Супер дербито’ е ТВ екранот, односно директниот телевизиски предност на МРТ со почеток од 19 часот.