Кристијано Роналдо нема завршено ниту една сезона од договорот со Ал Наср, потпишан до 2025 година, а медиумите веќе навестуваат негово прерано заминување од супер богатите сопственици на клубот од Саудиска Арабија, кои ветија дека ќе му платат неверојатни 175 милиони фунти годишно.
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација наводно е толку незадоволен од квалитетот на фудбалот во лигата во која игра и од туѓата средина за него, што има намера да ја прекине соработката само неколку месеци по пристигнувањето од Европа.
Секако, време е тој да ги потврди или демантира последните медиумски наводи.
Меѓу другото, приказната дека Реал го сака за свој амбасадор, а Роналдо доцни да ја прифати таа идеја, сметајќи дека не го кажал последниот збор на теренот.