Екипата на Денвер поведе со 2:0 во победи во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА плеј-офот против Феникс.
„Нагетси“ максиално ја искористија предноста на домашниот терен и во вториот натпревар славеа со 97-87.
Гостите од Аризона успеаја сега да го сопрат Џамил Мареј на само 10 поени, но не и кандидатот за МВП, Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со дабл-дабл од 39 поени и 16 скокови, а Србинот сега имаше поддршка од Гордон до додаде 16 поени.
Најефикасен кај „Сонцата“ беше Девин Букес со 35, додека Кевин Дурант броеше до 24 поени.
Следните два натпревари во серијата подобар до четири победи се играат во Феникс.