Во Светскиот куп во алпско скијање денеска на програмата две трки.
Дамите како и вчера се натпреваруваа во велеслалом, во австрискиот ски-центар Семеринг, каде повторно најдобра беше Михаела Шифрин
Американката до својата петта победа сезонава, стигна пред Швајцарката, Лара Гут која заостана 10.стотинки, односно Италијанката, Марта Басино која доцнеше 47 стотинки.
За Шифрин ова е вкупно 79-победа во кариерата во Светскиот куп и сега е на само три помалку од рекордот на нејзината сонародничка Линдзи Вон која кариерата ја заврши со 82 победи.
Шанса за нова победа Американката ќе има веќе утре, и тоа во нејзината омилена дисциплината слаломот во која сезонава победи на првите две трки во финскиот Леви.