Кошаркарите на Работнички ги очекува тешка задача во дуелот со Гостивар, во рамките од четвртфиналето на плеј-офот.
Гостиварци кои се „непобедливи“ на домашен терен ќе ја имаат токму таа предност во серијата подобар до две победи, па на екипата од „градски парк“ не и останува ништо друго туку да направи „брејк“, доколку сака да се пласира во полуфиналето.
„На првиот натпревар со Гостивар бевме со едни странски кошаркари, на вториот со други, а сега ќе бидеме со трети. Затоа мислам дека ниеден од тие досегашни натпревари со Гостивар не е мерило за тоа што нè очекува. Наша единствена мисла во моментов е Гостивар. Ќе имаме многу тешка работа пред нас, а против тим што нема пораз на домашен терен. Играчите се свесни за предизвикот и очекувам да изгинат на теренот“,
вели Димитар Мираковски, тренерот на Работнички.
Ќе успее ли Работнички да го прекине победничкиот од гостиварци пред домашната публика, гледајте ВО ЖИВО ОВДЕ