Во Втората машка кошаркарска лига денеска на програмата се реванш натпреварите од четвртфиналето.
Во сите четири натпревар, гостите влегуваат со предност од 1:0 во победи, па доколку и денеска успеат да триумфираат ќе се пласираат во полуфиналната рунда.
Програмата започнува со два натпревари од 16 часот, едниот во „Јане Сандански“ но таму не МЗТ Скопје У.Б. туку екипата на Водно Санс ќе ја има улогата на домаќин, а аеродромци ќе играат во големата сала на СЦ „кале“.
Останатите два натпревари ќе се играат во салите „Перо Наков” во Куманово и „Билјанини Извори” Охрид.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реван)
(1) МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ВАРДАР (0:1 победи) 16 часот
(4) ВОДНО САНС – АНГЕЛИ (0:1 победи) 16 часот
(2) ОХРИД – РАБОТНИЧКИ (0:1 победи) 17 часот
(3) КУМАНОВО – СОКОЛИ (0:1 победи) 19 часот
Потсетување дека пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите што ќе остварат две победи. Евентуалните мајсторки би се играле на 29 април.
Во полуфинале ќе играат победниците од натпреварите (1 и 4) односно (2 и 3)