Екипите на ЛА Лејкерс и Мајами победи со 2:1 во победи во четвртфиналните конференциски дуели со Мемфис и Милвоки од НБА плеј-офот.
„Лејкерси“ пред својата публика ги надиграа „Гризли“ со убедливи 111-101 во натпревар во кој донаќините доминираа од почетокот до крајот.
Бадијала беше безмалку тројниот ефект на Џа Морант кој средбата ја заврши со 45 поени, 13 асистенции и 9 скокови, бидејќи на спротивната страна имаше ногу повеќе расположени играчи.
Леброн Џејмс оствари дабл-дабл со 31 поен и 17 скокови, а блиску беше и Ентони Дејвис кој на 25 поени придодаде и 9 скокови.
Без својот најдобар играч Јанис Антетокумпо, Милвоки не е истиот тим, па „бакси“ повторно се поразени од Мајами.
Сега на гостински терен Милвоки загуби со 121-99 во натпреварот во кој Џими Батлер со 30 поени беше предводник во победничката екипа, додека кај гостите Мидлтон реализира 23, за водство на Мајами од 2:1 во победи.
И следните натпревари ќе се играат во Лос Анџелес и Мајами.